Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Португалците без проблеми запишаа убедлива победа против Латвија, 4:1.
Денешната победа на Португалија против Латвија беше во знак на Кристијано Роналдо кој со двата погодоци стигна до 68 погодоци во репрезентативниот дрес и тоа го направи рекордер помеѓу активните фудбалери.
Ѕвездата на Реал денес можеше да постигне хет-трик ако не го промашеше пеналот во 59-та минута. Тој погодок му помогна на латвијците преку Зјузинс да се вратат во натпреварот. Карваљо набрзина го врати водството на Португалија, а Роналдо и Алвеш ставија точка на натпреварот.