Роналдо се врати и погоди – Реал ја пукна првaта петарда оваа сезона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид славеа на Сантијаго Бернабе убедлива победа, 5:2 против Осасуна.

Реал продолжува да реди победи, а денешната беше најубедлива досега.

Уште на стартот Реал почна да доминира, Герет Бејл асистираше, а човекот кој го немаше два месеци на теренот поради повреда, Кристијано Роналдо погоди за водство на кралскиот клуб. Потоа се редеа шанси за Реал Мадрид, но Крос и Рамос шутираа непрецизно. Вториот погодок фудбалерите на Реал Мадрид го постигнаа во 40-та минута, а стрелец беше Данило. Пред самиот крај на првото полувреме Серхио Рамос беше највисок во скокот после корнер и погоди за 3:0. Во вториот дел повторно доминација на фудбалерите на кралскиот клуб. Повторно погодок од корнер, овој пат стрелец беше Пепе со глава. Неколку минути подоцна Лука Модриќ од далеку постигна фантастичен погодок, а пети за Реал Мадрид. Тука не беше крајот на погодоците на Сантијаго Бернабе. 2 минути подоцна после постигнувањето на погодокот на Модриќ, Риера го постигна првиот погодок на натпреварот за Осасуна. Следуваше пенал за Осасуна, резервниот фудбалер Торес промаши. Фудбалерите на Осасуна го постигнаа и вториот погодок на натпреварот, а стрелец беше Гарсија со глава во 79-та минута. Клубот од Памплона остана со фудбалер помалку до крајот на натпреварот бидејќи Тањо доби втор жолт картон. Лукас Васкез пропушти голема шанса за погодок, а истото тоа го направи и Карим Бензема кој еднаш шутираше покрај голот, а во вториот обид ја погоди стативата. Конечни 5:2.

Реал Мадрид останува без пораз и после три кола, а Осасуна го запиша вториот пораз.