Роналдо со хет-трик ги замолкна хејтерите – Атлетико и Симеоне клекнаа на колена пред големиот Реал Мадрид на Калдерон


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Реал Мадрид славеа во дерби Мадриљено против Атлетико Мадрид на Висенте Калдерон со 0:3.

    После дванаесет минути игра една спорна ситуација на Висенте Калдерон. Кристијано Роналдо шутираше со глава, а Јан Облак од гол линијата спаси топката да влезе во неговиот гол. Лука Модриќ потоа се обиде со еден шут од далечина, но за словенскиот голман тоа беше лесен плен. Беше досуден слободен удар, а Кристијано Роналдо шутираше, топката погоди некој во живиот ѕид и го смени правецот, а Облак беше немоќен.

    Роналдо имаше шанса да го зголеми водството, но слабиот шут заврши во рацете на Облак. На стартот на второто полувреме притисок на фудбалерите на Атлетико, имаа неколку шанси, но не успеаа да го совладаат Кејлор Навас. Дваесетина минути пред крајот на натпреварот Стефан Савиќ направи прекршок во казнениот простор, а Кристијано Роналдо го постигна вториот погодок на натпреварот.

    Шест минути подоцна фантастичен спринт на Герет Бејл кој му додаде на Роналдо, а португалецот постигна хет-трик. Реал Мадрид на крајот славеше со 0:3 го градското дерби против Атлетико Мадрид и остана непоразен оваа сезона.

    После оваа победа кралскиот клуб има четири бода предност во однос на Барселона која денес ремизираше против Малага, а девет бода во однос на Атлетико Мадрид. Исто така важно за денешниот натпревар е тоа што го прекина постот против Атлетико Мадрид на Висенте Калдерон на кој се играше за последен пат дерби Мадриљено.

    Во следното коло Реал Мадрид на Сантијаго Бернабе ќе го пречека Спортинг Хихон, а Атлетико Мадрид ќе игра на гости против Осасуна.