Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најактуелна тема последните неколку недели во НБА лигата е Кајри Ирвинг и неговата желба за преселба во друг тим. Последен кој го коментираше овој случај е Рон Харпер, поранешниот играч на Кавс и Булс.
Петкратниот шампион со тимот на Чикаго Булс, Рон Харпер го прокоментира случајот на Ирвинг, кој сака да си замине од тимот на Кавалирс за да биде прва опција во некој тим и составот да се гради околу него а не како што беше досега случајот, околу Леброн Џејмс.
“Младост и незнаење, тоа е проблемот. Кога јас играв во лоши тимови знаев дека пред мене се тешки 82 натпревари ама морав да ја завршам сезоната заедно со моите соиграчи. А тој? Тој знае дека е во еден од најдобрите тимови во НБА и дека веројатно ќе игра уште едно финале. Не разбирам зошто би сакал да си отиде. Ама видете, затворениците ја имаат контролата. А знаеме дека кога затворениците ја имаат контрола само лоши работи може да се случат.” – изјави Харпер.
“Во мое време беше поинаку, кога играч ќе побараше да биде разменет во друга екипа раководството го праќаше во најлошиот тим во НБА. Заради тоа што играчот се однесува неблагодарно.” – заврши Рон Харпер.
Од ден на ден се влошуваат односите помеѓу Ирвинг и Кавси. Од тимот се подготвени да чекаат да дојде најдобрата можна понуда за играчот но засега нема конкретни понуди кои би го задоволиле вкусот на раководството во Кливленд.