Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Швајцарскиот тениски ас, Роџер Федерер, на пресконференцијата на отвореното тенсико првенство во САД, зборуваше за своите шанси и освојувањето на турнирот.
36-тенисер имаше фантастична година, го освои Аустралијан Опен и Вимблдон, а букмејкерите го сметаат за главен фаворит и на УС Опен.
Роџер призна дека уште еден триумф на Грен Слем во негови години би било „лудо“ и „неочекувано“, но ќе се потруди да ја освоие својата 20-та Грен Слем титула.
„Ако освојам уште еден Грен Слем, оваа година, мислам дека ќе биде лудо и неочекувано, но сепак не сум многу уверен дека на крајот јас ќе го подигнам трофејот“.
„Но, секако, ќе дадам се од себе, знам дека луѓето ме сметаат како фаворит број еден, откако ги освоив последните два Грен Слема“.
„Има и други тенисери овде, така да нема да биде толку лесно, како што изгледа од страна“.
„Иако недостасуваат многу ѕвезди, сепак мислам дека ќе биде добар турнир“. – заврши Федерер.