„Руни е за во пензија, не поради мојот рекорд“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот англиски голман Питер Шилтон смета дека Вејн Руни напаѓач на Манчестер Јунајтед и на Албион „созреал“ за пенсија, но не поради соборување на репрезентативниот рекод на поранешниот чувар на мрежата.

Руни во победата против Словачка (1:0) во квалификациите за СП 2018 година во Русија го забележа 116 настап за државниот тим, а пред него е само уште Шилтон со 125 натпревари.

„Мислам дека Руни повеќе не е голгетер. Пробуваме да го вклопиме, но по мое мислење тој не е играч на средината на теренот, никогаш нема да биде. Тој додаде неколку топки, но без некоја голема ефикасност. Руни требаше да се пензионира пред Првенството на Европа во Франција. Тоа не го велам бидејќи е блиску до соборување на мојот рекорд по бројот н настапи во репрезентацијата, далеку од тоа“, рече 66-годишниот Шилтон.

30-годишниот Руни за репрезентацијата на Англија играше од 2003 година и е рекордер по бројот на голови во државниот тим (53).