„Руни е легенда на ПЛ“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вејн Руни е се поблизу до заминување од Јунајтед.

Излегоа шпекулации дека Руни до крајот на месецов ќе заврши во Кина, но многу фудбалски експерти тоа го сметаат за грешка.

Тренерот на Вест Хем, Славен Билиќ изјави дека Руни е една од легендите на Премиер Лигата.

„Тој веќе нема потреба да се докажува. Сепак многу му е тешко на фудбалер кој направил буквално се. Тешко е да се одлучи каде ќе играш после клуб како Манчестер Јунајтед. За мене тој е легенда на Премиер Лигата, заедно со Лампард, Анри и Џерард“ – изјави Славен Билиќ

Инаку, агентот на Руни наводно веќе отпатува за Кина.