Руни има огромна причина за славје


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Капитенот на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија, Вејн Руни, во претходните десет дена се наоѓаше во центарот на вниманието на медиумите на Островот.

    Се почна после победата на Англија против Шкотска кога играчите на оваа репрезентација се одлучија да се забавуваат во хотел.

    Ден подоцна во јавноста прочури фотографија на Руни кој очигледно беше пијан.

    Руни славеше до утринските часови, и изгледаше непрепознатливо.

    Челниците на Фудбалскиот сојуз (ФА) ветија во јавноста дека ќе поткренат истрага за овој случај, и дека играчите ќе бидат пијани доколку се испостави дека биле пијани.

    Сепак, десетина дена после забавата играчот е објавено дека Руни ќе избегне казна од ФА. Наводно, Руни таа ноќ го игнорираше и селекторот Герет Саутгејт кој му рече да оди да спие, но тој тоа го одбил.

    Многумина веруваа дека Руни ќе биде жестоко казнет со оглед дека во ФА имаа фотографија како доказ.

    Меѓутоа, ФА одлучи играчот на Манчестер Јунајтед овој пат да помине без казна што ја налути англиската јавност.

    Порачаа на Руни дека нема да толерираат вакво однесување од него, но и на останатите репрезентативци на Англија.