„Руни кариерата може да ја оживее во Арсенал или во Челси“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Искусниот англиски тренер Хари Редкнап иам решение за кризата во која се наоѓа Вејн Руни.

    Капитенот на Манчестер Јунајтед и Англија стана резерва во двата тима, а навивачите често го критикуваат поради лошата форма.

    Најдобриот стрелец во историјата на Гордиот Албион постигна само еден гол на последните 13 настапи за клубот и репрезентацијата.

    „Тој дефинитивно нема да биде среќен на клупа. Не е таков играч. Доби неправедно многу критики во последно време, но и понатака тврдам дека е одличен играч и дека на клупски и репрезентативен план може да придонесе многу. Треба да премине во клуб како Арсенал и Челси, за повторно да ја поткрене кариерата“, рече Редкнап.

    Руни за десетина дена ќе наполни 31 година, кариерата ја почна во Евертон,но во Јунајтед е веќе 12 години.

    Постигна 263 голови за овие два клупа, од кои 53 за Англија.

    Останува да видиме дали ќе го послуша советот на искусниот стручнак…

    https://www.youtube.com/watch?v=4yCxSYct9rQ