„Сакав да испратам проектил“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Јувентус вечерва на гостувањето против Лион оствари победа, а единствениот гол на мечот го постигна Квадрадо.

    Фудбалерите на Јувентус во рамките на 3 коло од групната фаза од ЛШ потешко од очекуваното стигнаа до три бода против Лион. Единствениот гол на вечерашниот натпревар го постигна Хуан Квадрадо, кој тоа го направи на фантастичен начин.

    „Среќен сум и благодарен на Бога што постигнав гол. Имав намера да асистирам, но видов дека во средина нема мои соиграчи. Тогаш се одлучив да испратам проектил кон голот на Лион и успеав“, рече Квадрадо, и додаде:

    „Ова беше многу тежок меч за нас. Лион вечерва покажа дека е одлична екипа и навистина не намачија. Нашата цел е да бидеме први во оваа група и ќе дадеме максимум за тоа да го оствариме“.