„Сакам да играм уште десет години во Реал“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Марсело пред десет години стигна во Реал Мадрид, и потврди дека уште толку сака да игра во овој клуб.

Марсело на Сантијаго Бернабе стигна во 2007 година од Флуминенсе и одлучен е својата кариера да ја заврши во дресот на каталонскиот клуб.

Бразилецот стигна како замена за Роберто Карлос и веќе десет години е стандарден на позиција лев бек на Реал.

„Не можев ни да сонувам дека денеска ќе бидам овде. Во Реал дојдов кога имав 18 години и на мене беше голем притисок. Желба ми е да играм овде уште десет годиниу и да ја завршам својата кариера“, рече Марсело.

Бразилскиот фудбалер додаде дека неговото докажување во најдобриот клуб на светот беше исклучително тешко, но дека има одлична поддршка од своите соиграчи.

Сепак, Марсело се одлучи да издвои тројца кои најмногу му помогнаа  од доаѓањето во Реал.

„Пепе, Канаваро и Роберто Карлос ми беа огромна поддршка. Немаше денеска да бидам овде каде што сум ако не беа тие. Споредувањата со Карлос се смешни, тој е убедливо најдобар лев бек на сите времиња. Сепак, мило ми е што некогаш ме споредуваат со него и тоа ми е доказ дека успеав“, рече Марсело.