До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Легендарниот италијански фудбалер Паоло Малдини во ова лето имаше шанса да се врати во Милан, но на крајот ја одби оваа понуда.
Малдини својата кариера ја помина во дресот на Росонерите, и еден од најлегендарните играчи на оваа екипа.
После заминувањето од Милан, Малдини во целост се „скрија“, но ова лето сите навивачи на овој клуб се воодушевени од веста дека Малдини конечно може да се врати во италијанскиот клуб.
„Милан отсекогаш без работата на срцето и чест за мене. Моја историја, историја на мојот татко и моите деца тоа го покажуваат, никој од нас не може да одземе оваа врска со бојата на Росонерите.
Ваква, многу силна врска, ме обрзува да бидам внимателен, прецизен и професионален во одлуката за прифаќање на работата која ми е понудена.
Нормално, би било многу полесно со возбудување да ја прифатам одлуката и да кажам „ДА“ за непромислено да се нурнам во нова авантура, без размислување за за никакви последици, но јас тоа, сепак не можам да го прифатам.
„Морам да почитувам некои вредности, вредности кои со себе ги носев цел мој живот, морам да почитувам многу навивачи кои, во текот на годините, препознаа во мене страст, воља и сериозност – морам да го почитувам Милан и да постојам за себе.
Сакам да разјаснам некои поими на навивачите на Милан и медиумите, јавноста која околу мене се собира и пренесе дека причина за моето одбивање е всушност од финансиска природа, заборавајќи дека мојата фамилија и јас отсекогаш имавме чувство за припадност кон Милан.
Платата отсекогаш беше последица на спогодба, никогаш причина од истото. Оваа вест, меѓу останатите, е проширена од страна на „анонимен извор“ преку канали и луѓе кои ги запознавав 30 години, со се цел да ме дискредитираат како личност и така го оправдуваат зошто договорот не успеа.
Не сум изнесол никакви финансиски барања, истакнав на првиот состанок дека дефиницијата на мојата улога е основен клуч за соработка.
Како да судам за нешто и да донесам одлука кога сите одговорности не се истакнати и јасно прикажани?
Истакнав дека ќе дадам се од себе ако проектот е сериозен, но нема да прифатам некои улоги со цел да бидам симбол на нешто. Повторувам, за мене Милан е избор на срцето.
Никогаш не сум ја барал „улогата на Галијани“, т.е улога директор со целосна моќ. Јас знам кои се моите доблести, а јас подобро знам каде ми се границите – мојата област мора да биде спортски директор. Понудена ми е улога технички директор, пред тоа спортскиот директор би бил вработен на одобрување на доверба на ЦЕО директори, а потоа во склоп со организациската структура која што ми е претставена, јас би бил дел од секој проект, купување или продавање на играчи.
Моето конкретно прашање беше што ќе се случи ако не се сложувам со тие одлуки, а Фасоне ми рече дека во тој случај тој одлучува. Му реков дека не мислам дека тоа е основа за победнички тим. Бев дел од тимот кој е запишан во историјата на фудбалот и знам дека за да се постигнат резултати потребна е голема заедничка енергија меѓу сите правни лица и големи ивеститори, покрај тоа што улогите мора да бидат добро дефинирани.
Во последните сезони каде што Милан имаше ситуација да има двајца ЦЕО директори (Барбара Берлускони и Адријано Галијани), треба да биде доволна лекција за работењето.
Нормално, јас морам да превземам – во очите на навивачите, медиумите и сопствениците – цела одговорст за спортските зделки во клубот, без без извршната власт. Никогаш не сум барал директен контакт со сопствениците со цел да го избегам избегнам ЦЕО, само изразив желба да го слушнам господинот Давид Хан Ли, а извршен директор на Сино Еуропе Спортс. Сакав само да се сретнеме на неколку минути, да слушнам што тој очекува од мене и да ги слушнам неговите цели кои ги поставиле и инвеститорите кои ги планирале.
Мислам е дека е логично барање за секој професионалец да бара да разговара со својот работодавец, посебно ако се наврати на минатото што овој клуб го имаше, врзано за мојата припадност и кредибилитет.
Се надевам дека овие неколку редови го разјаснија мојот став. Горчината останува поради овие денови, за сонот кој исчезна, ќе остави позади себе контроверзии поради што сигурно не сум среќен. Јас го бранам правото на народот и луѓето во важите клубови како Милан кои бираат вработиени на основа на критериуми кои сметаат дека се потребни, јас на нивното место би го направил истото.
Но, исто така повторувам дека моите вредности и мојата независна мисија секогаш ќе биде важна за мене од било која работа“, изјави Паоло Малдини.















