Сакраменто го претстави Богдан Богдановиќ


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


 

Сакраменто Кингс го доведоа во своите редови Богдан Богдановиќ, кошаркарот беше претставен од генералниот менаџер на клубот Владе Дивац.

Тие го избраа српскиот шутер како 27-ми пик на драфтот во 2014 година, играчот му се приклучува на тимот откако помина неколку сезони во Евролигата играјќи заедно со Перо Антиќ во Фенербахче.

За три сезони, што ќе го носи дресот на Сакраменто, шутерот на српската кошаркарска репрезентација ќе добие 34 милиони долари.