„Само еден играч ќе го напушти клубот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што се наближува преодниот рок така и се зголемуваат шпекулациите за трансферите на големите клубови.

Еден од најинтересните тимови за следење во преодните рокови е секако Манчестер Јунајтед кој имаше бурно лето со доведувањето на Ибра и Погба но се чини дека овој Јануари нема да се троши многу.

Мурињо на новинарите им рекол дека еден или најмногу двајца играчи ќе дојдат во Јунајтед, а само еден ќе замине и тоа на позајмица. Станува збор за Сем Џонсон кој од почетокот на кариерата игра во Јунајтед но досега нема добиено шанса.

Многумина мислеа дека и Шнајдерлин ќе заминува, но од тоа засега ништо.