Само новинарите ќе гласаат за Златната топка


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Францускиот магазин „Франс Фудбал“ објави какви промени ќе бидат направени во гласањето за Златната топка, поради тоа што е завршена нивната соработка со Светската фудбалска федерација.

    Тоа партнерство е формирано во 2009 година, кога изборот на францускиот магазин е обединет со изборот за најдобар фудбалер на светот во изборот на ФИФА. Од тогаш, Линел Меси четири пати ја освои Златната топка, а Кристијано Роналдо два пати.

    Порано „златната топка“ беше доделувана за најдобриот европски фудбалер, пред што од 1995 година таа стана награда за најдобар фудбалер кој играше за некој европски клуб.

    Од оваа година, во гласањето за Златната топка ќе учестувваат исклучиво новинари. Досега покрај новинарите свои гласови даваа и капитените и селекторите на репрезентациите кои се членови на ФИФА.

    Тоа не е единствена промена, поради тоа што списокот ќе биде проширен од 23 на 30 играчи, а п отоа нема да има скратување на три имиња, како што беше случајот досега.

    Истотака, најавено е дека Франс Фудбал името на основачот на Златната топка ќе го објави пред крајот на календарската година, а не во јануари.

    Засе нема официјална потврда од ФИФА дали таа ќе има свој избор, но се очеува дека ќе имаат и тие свој избор.