Само од влезници Милан заработи колку што го плати Фернандо Торес


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Се продолжува со позитивните трендови на Сан Сиро…

    Многу причини во последните часови за задоволство на Сан Сиро! Не само поради големиот триумф над Јувентус и одличната партија на двајцата младинци во славниот клуб – Џанлуиџи Донарума, односно Мануел Локатели – веќе и поради добрата заработка.

    Денеска, кога прашината пополека слегува после дербито, во Милан направија пресметка и објавија дека го соборија овосезонскиот рекорд кога е во прашање заработка во влезници. Локалните медиуми пренесоа дека на натпреварот присуствувале 75 829 навивачи со платени влезници и дека вкупната заработка од истото е фантастични 3.699 728 евра.

    Тоа пред неколку години е цена на еден сосема пристоен играч. За пример, за нешто помалку од таа сума во Милано соевремено стигна Фернандо Торес…

    Еден по друг се јавуваат позитивни трендови во Милано, навивачите на славниот клуб конечно се враќа насмевката на лицето…