Санчез: Го сакам Арсенал, но…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Алексис Санчез и оваа сезона е најдобриот фудбалер на Арсенал. Одличниот Чилеанец е најдобар стрелец во Премиер лигата со 12 гола и ја дели лидерската позиција со Диего Коста.

Сепак, не е се така добро на „Емирати“, бидејќи предоворите помеѓу Санчез и Арсенал се „заглавени“.

Имено, неговиот договор му истекува во 2018. година и се споменува неверојатна понуда од Кина, додека Венгер со сите сили се обидува да го задржи во Лондон.

Откриено е дека Санчез за новиот договор бара неделна плата од 250,000 фунти, додека Арсенал е подготвен да му понуди само 180,000.

„Не зависи толку од мене, колку што зависи од клубот. Доколку сакаат да покажат доверба во мене, јас сум подготвен да останам. Го сакам Арсенал, ги сакам луѓето во клубот. Уживам со навивачите. Сакам да ја освојам Премиер лигата и Лигата на Шампионите бидејќи тоа му недостасува на овој клуб. Благодарен сум што сум тука, но се зависи од нив“, изјави Санчез.

Потсетуваме, Санчез во Арсенал пристигна од Барселона во текот на летото 2014. година за 32 милиони фунти, а во меѓувреме постигна 56 гола на 116 натпревари.