Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Челзи и Ливерпул оваа лето сакаа во своите редови да го доведат извонредниот дефанзивец на Саутемптон, Вирџил Ван Дијк, но не успеаја во нивните намери.
Дури и самиот играч изјави дека сака да му се приклучи на тимот на Ливерпул, но по само неколку дена Ливерпул мораше да му се извини на Саутемптон бидејќи нечесно преговарал со играчот.
Ситуација во која исто се наоѓа и играчот на Ливерпул, Филип Кутињо. Не остана рамнодушен бразилскиот интернационалец на интересот на Барселона, но клубот го стопираше неговиот трансфер, истото што и Саутемптон му го прави на Ван Дијк.
„Вирџил не е на продажба, не ништо лични ниту персонално, но ние како клуб имаме многу, многу поолема замисла за иднината“ – изјави Круегер газдата на клубот.
„Сигурни сме дека ќе ја пребродиме оваа ситуација, сакаме Ван Дијк да остане и да биде пример за помладите стопери“ – заврши Креугер.