Светот во шок: Надал, Мо Фарах и уште некои спортиски имале дозвола за допинг


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Хакерската група „Елегантни мечки“ за кои многу веруваат дека е од Русија, објави нови податоци за олимпијците од Рио за кои наведува дека имале дозвола за користење на допинг.

    Меѓув нив се големи имиња како Рафаел Надал, Мо Фарах и Ласло Чех.

    Така „Елегантните мечки“ тврдат дека Надал уште во септември 2009 година доволи да настапува со користење на недозволениот бетаметазон, а од јули до август 2012 година со тертакостацид, кој истотака е на листата на допинг средства.

    Па така после првата дозвола Шпанецот до крајот на 2009 година стигна до полуфиналето на турнирот во Пекинг, финале во Шангај, полуфинале во Париз, додека на завршниот Мастер доживеа три порази.

    Седум дена подоцна со две победи ја носеше својата татковина до триум од дури 5:0 во полуфиналето на Дејвид Куп против Чешка.

    Инаку, после втората, дозволата во август 2012 година, во таа сезона повеќе не настапуваше порад повреда на коленото.

    Сигурно е дека овие информации допрва ќе го здрмат светот на спортот.