Светскиот рекет број еден го откажа настапот во Мајами


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот, Енди Мареј го откаќа настапот на АТП мастерсот во Мајами.

Британецот повторно почувствува проблеми со лактот и поради тоа нема да се појави на турнирот кој го освои во 2009-та и 2013-та година.

„Фокусиран сум да се спремам за сезоната на земја. Му се извинувам на навивачите бидејќи ова е еден од моите најомолени турнири“, порача Мареј.

Бидејќи Мареј минатата година испадна во третото коло ова му беше голема шанса да ја зголеми предноста во однос на Новак Ѓоковиќ кој исто така нема да настапи во Мајами.