Севиља го нанесе првиот пораз на Атлетико Мадрид!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерите на Севиља славеа денеска на домашен терен против Атлетико Мадрид со 1;0 и така се водечки на табелата од Примера.

    Дуелот го одбележа силниот дожд кој пречеше на фудбалската игра, па така во првото полувреме немаше поголеми шанси на двете страни.

    Сепак, продолжението донесе еден погодок и тоа во мрежата на гостинската екипа.

    Се играше 73 минута кога Н’Зонзи после асистенција на Вието погоди за 1:0.

    Само четири минути подоцна нови проблеми за Атлетико бидејќи Коке доби втор жолт картон.

    Тоа се одрази и на играта на гостите кои до крајот на мечот не успееја да го пронајдат патот до мрежата и мораа да се помират со пораз во овој меч.

    Севиља после овој триумф се наоѓа на лидерската позиција, но и со натпревар повеќе од Реал Мадрид кој со евентуален триумф против Билбао на домашен терен може да се врати на првото место.