Севиља со пресврт го доби андалузиското дерби на Бенито Виљамарин против Бетис (ВИДЕО)


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Фудбалерите на Севиља го победија Бетис на Бенито Виљамарин во натпревар од 24-то коло во Ла Лига, 1:2.

Домашните влегоа подобро во натпреварот. Санабриа и Кастро се заканија по голот на гостите, но не ги претворија своите шанси во погодок. Манди со глава неколку минути подоцна ја погоди пречката со глава.

Во 36-та минута Дурмиши постигна фантастичен погодок од слободен удар за водство на Бетис.

Ибора во второто полувреме шутираше, голманот на Бетис одбрани, но топката се врати до Меркадо кој го израмни резултатот.

Бен Једер пропушти голема шанса за водство на Севиља. Четиринаесет минути пред крајот на натпреварот Ибора погоди за 1:2. Дурмиши во судиското продолжение во второто полувреме од слободен удар се закани по голот на Севиља, но шутираше над голот, па гостите се радуваа, 1:2.

Севиља се искачи на втората позиција после денешната победа и има исто бода со лидерот Реал Мадрид кој има два натпревари помалку и еден повеќе од третопласираната Барселона која исто така го нема одиграно натпреварот од 24-то коло.