Сега и официјално: Пике купи фудбалски клуб


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона, Џерард Пике и официјално стана сопственик на фудбалскиот клуб Андора, кој се натпреварува во понизок ранг во шпанското првенство.

Инвестицкискиот фонд предводен од Пике го потврди купувањето на Андора, со што се продолжуваат вонфудбалските активности на искусниот Шпанец, кој во минатото инвестирање во видео игри, е-спорт, органски хамбургери, очила…

Претходно Космос на Пике ја превзема контролата над Дејвис купот и го трансформираше ова тениско натпреварување, а купувањето на Андора е доказ дека стопер на Барса има долгорочни планови, па сериозна реализација ќе започне оној момент кога ќе ја прекине својата професионална кариера.

ФК Андора помеѓу 1980. и 1998. година играше во третата лига на шпанскиот фудбал, а во 1991. биле во 4. коло од Купот на кралот, што воедно е и најголем успех на овој клуб.

Моментално се во петта лига, а наводно главни и одговорни луѓе од сега ќе бидат поранешни фудбалери на Барселона, Габриел Гарсија и Алберт Јоркуера.