Сега повеќе нема дилема, Милан мора да купува!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Рикардо Монтоливо практично ја заврши сезоната, а Монтела има јасна идеја за јануари…

    Милан мора да доведе играчи на средината на теренот после повредата на Рикардо Монтоливо.

    Капитенот е отпишан на подолд период, а прашање е колку Сеск Фабрегас е реална опција, со тоа што во трка и е Јувентус, а Шпанецот не е баш воодушевен за доаѓање во Италија.

    Монтела ја активираше старата опција, во летото немаше време да се одработи трансферот, во прашање е Милан Бадељ.

    Хрватот има посебен однос со Монтела, Аеропланино многу го цени, не сака да го продолжи договорот со Виолетовите, што може да доведе до трансфер.

    На потег е Дејан Јоксимовиќ, српскиот менаџер кој води сметка за кариерата на Милан Бадељ…