Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дефанзивецот на Јувентус Леонардо Бонучи тврди дека неговата екипа докажа после елиминацијата на Барселона и дека сега секој противник ќе мора да се плаши од Јувентус.
Јувентус и Барселона синоќа на Ноу Камп одиграа 0:0, па Јувентус поради 3:0 од првиот натпревар се пласираа во полуфиналето на ЛШ.
„Знаевме дека ќе дојдат да не истуркаат високо, но добро работевме да бидеме соединети и компактни кога се браневме, пред се благодарение на Дани Алвеш и Манџукиќ поради притисокот на нивните чувари. Ова беше настап на големо единство и цврстина.
Верувавме во себе. Постигнавме на Барселона три гола во првиот натпревар и после тоа ја сочувавме својата мрежа недопрена на Ноу Камп докажувајќи дека сме голем тим.
Останаа уште два чекори до крајот“, рече Бонучи.
Тој рече дека Јувентус во секој натпревар пристапува исрто, дали би било тоа дерби натпревар или натпревар против екипа која се бори за останок во Серија А.
„Овој Јувентус заслужува аплаузи поради пристапот на секој натпревар, без оглед дали играме против Барселона или Пескара. Тоа е уште еден чекор во нашиот процес на раст, сега секој противник мора да се плаши од Јувентус“, заклучи Бонучи.