Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Една од најголемите ѕвезди на своето време и еден од најталентираните играчи во НБА лигата во 2000-те никогаш не успеа да излезе од првата рунда од плејофот сѐ додека при крајот на кариерата не се приклучи на тимот на Сан Антонио Спарс. Секако, станува збор за Трејси МекГрејди.
Тој сѐ уште размислува за неговиот неуспех во потрагата по шампионски прстен, но дури и во такви моменти останува горд на своите достигнувања, како што му прилега на еден кошаркар од неговиот калибар. Во неодамнешно интервју тој имаше да го изјави следното:
“Социјалните мрежи се место каде сечиј глас може да биде чуен и што е првото нешто што го велат кога ти се обраќаат? Немаш прстен, не си шампион.” – изјави некогашната ѕвезда на Хјустон.
“Но знаете што велам јас на тоа? Секој може да биде дел од победнички тим и со малку среќа ќе освои прстен. Но не може секој да биде дел од ‘Куќата на Славните.'” – заврши тој.
Трејси МекГрејди ја заврши кариерата со многу индивидуални награди но како дамка на неговото кошаркарско резиме стојат повредите и неуспехот во плејоф. Тој моментално работи како стручен коментатор во телевизиската мрежа ESPN.