Селекторот на Босна и Херцеговина го плати патот за Скопје


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Репрезентацијата на Босна и Херцеговина денес во Скопје ќе одигра пријателски натпревар против репрезентацијата на Македонија.

Овој натпревар беше договорен од селекторот на Босна, Билал Шуман со Лино Червар, селекторот на Македонија.

Патот за Скопје и аранжманот чини околу 60 илјади евра. Трошоците за патот немаше кој да ги плати, а тоа го направи Шуман.

Истото ова го направи Шуман и за натпреварот против Шпанија во квалификациите за СП и тој го спасува босанскиот ракомет.