Селтикси ја засилуваат ротацијата под кошевите со поранешен НБА шампион


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Најголемата слабост на Бостон Селтикс во минатата сезона беше одбрана во рекетот и недостатокот на офанзивни и дефанзивни скокови. Бидејќи досега тоа прашање не беше адресирано, раководството на Селтикс почна да разгледува кандидати за позицијата резервен центар.

 

Бостон Селтикс и Ендру Богут имале прелиминарен состанок на кој тема на разговор било евентуалното приклучување на австралискиот центар кон тимот на Селтикси. Тоа би ја засилило ротацијата под кошот и би ја зацврстило играта под кошевите и во одбраната.

Бидејќи двете страни излегле задоволни од состанокот, се очекува во наредните неколку денови да му биде понуден едногодишен договор на Богут тој да стане нов член на Бостон.

 

Минатата сезона Богут ја заврши со повреда, откако настапи за тимот на Кливленд само 37 секунди. Во своето деби за ланскиот финалист тој скрши коска во ногата и го пропушти остатокот од сезоната.