Сензација во Торино – Белоти и Фалке ја паднаа на колена Рома


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Фудбалерите на Торино направија сензација на домашен терен со тоа што ја совладаа Рома со убедливи 3:1.

    Домашните фудбалери подобро стартуваа во денешниот натпревар. После 8 минути игра Андреа Белоти ја затресе мрежата на Рома на асистенција на Оби. Следуваше удар на Фалке кој ја погоди стативата. Рома преку Џеко ја имаше најдобрата шанса за погодок, но Харт одбрани. На стартот на второто полувреме Џо Харт повторно му одбрани удар на Џеко. Перес во 52-ра минута направи прекршок во казнениот простор, а Јаго Фалке беше сигурен од белата точка. Само две минути подоцна Барека направи пенал, а принцот на Рим, Франческо Тоти исуксно го намали водството на Торино, 2:1. Јаго Фалке по втор пат ја затреси мрежата на Шчесни и му донесе голема победа на Торино.

    Торино во шестото коло ја оствари втората победа, а Рома го запиша вториот пораз оваа сезона.