Сензација во Франција – Фудбалот и љубовта не се купуваат со пари


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Во првиот натпревар од седмото коло во француската Лига 1 помеѓу Тулуз и ПСЖ заврши со изненадувачки 2:0.

    Сензација и шок за шеиците на Муниципал.

    Гостите од Париз останаа со фудбалер помалку после 46 минути игра, Орие го доби вториот жолт картон на натпреварот поради направен прекршок во казнениот простор. Бодигер погоди од белата точка и му донесе водство на Тулуз. Резервата, Дурмаз ги постави конечните 2:0 во 79-та минута.

    ПСЖ го запиша вториот пораз оваа сезона. За домашните фудбалери ова беше четврта победа, трета по ред.