Сергеј Самсоненко – Заслугата за победата е на Давид Дејвис


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    ЖРК Вардар во натпревар од второто коло во ЛШ славеше убедливо во Јане Сандански против Лајпциг со 41:24.

    Сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко заедно со Аце Станковски и Едуард Кокшаров го предводеа ЖРК Вардар. Самсоненко исто така кажа дека заслугите за победата одат на сметка на Давид Дејвис. Помошникот во машкиот тим на Вардар имаше пет дена да ги размрда ракометарките и во тоа успеа.

    „Да им се заблагодарам за коректната игра и спортска борбеност. Се гледа дека се во криза, и им е тешко, но го разбираме тоа. Им посакуваме побрзо да излезат од кризата. Ова е само еден меч. Загубија и во Русија, но им поскаувам побрзо да излезат од кризата и да се вратат на победите.
    Сакам да им се заблагодарам на девојките. Испочитуваа се што беше планирано. Нашата игра беше перфектна. Имавме грешки, но тие не беа критични, туку случајни. Одеше како што планиравме. Главната заслуга оди на Давид Дејвис. Пред мечот тој работеше пет дена со екипата, ние само помагавме. Ние само требаше да распоредиме како што треба. И по резултатот се виде дека успешно сме го направиле тоа. Според мене, Сара денеска одигра одлично. Слободно можеме да кажеме дека има две квалитетни крила, Јованка Радичевиќ и Сара Ристовска. Сега треба да се подготвуваме за следниот меч во Астраханочка“, изјави сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко.

    „Резултатот го покажува своето. Бевме мотивирани и концентрирани. Игравме како што се договоривме. Задоволни сме што победивме против Лајпциг. Се надевам дека и мечот против Астраханочка ќе биде на истото ниво и ќе победиме. Можам да кажам дека беше од подобрите натпревари откако сум во Вардар во ЛШ. Задоволн асум од натпреварот и можноста да играм. Им благодарам на тренерите. Се надевам ќе продолжам на истото ниво и ќе бидат повеќе натпревари“, изјави ракометарката на Вардар, Сара Ристовска.