Серхио Рамос = Фернандо Јеро, Серхио Рамос = Роберто Карлос, Серхио Рамос = вечност


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Повторно тој.

Кога ќе помислите дека е некоја историја со погодоци, Серхио Рамос се повторува.

Многу големи напаѓачи во историјата на кралскиот клуб не направија толку како овој неверојатен дефанзивец. Ќе се памети во историјата по постигнати погодоци отколку по црвените картони кои исто така многу ги има.

Последната жртва на летечкиот крал беше Наполи. Вечерва само за шест минути направи пресврт и го обезбеди пласманот на Реал во четвртфинале во ЛШ. Кога е густо тука е Серхио Рамос. Така беше и во суперкупот на Европа против Севиља. Така беше и на Ел Класико на Камп Ноу. Така беше и против Депортиво во првенството. Така беше и во лисабонското финале во 2014-та година против Атлетико Мадрид. Некој месец пред тоа во полуфиналето против Баерн Минхен. Така беше и во второто финале против Атлетико во Милано минатата година. Тешко е да се набројат сите важни погодоци на Серхио Рамос.

Од финалето во ЛШ 2014-та година кога постигна погодок за продолжение во последните секунди, Рамос постигна уште 21 погодок во сите натпреварувања, а од тие 21 дури 18 ги постигна во моментите кога Реал губеше или резултатот беше израмнет.

Се израмни со Роберто Карлос како најдобар стрелец помеѓу дефанзивците во историјата на Реал Мадрид. Двајцата имаат постигнато по 68 погодоци. Се израмни со Фернандо Јеро како најдобар стрелец помеѓу дефанзивците во историјата на шпанскиот фудбал. Двајцата имаат постигнато по 81 погодок. Вкупно со глава во кариерата има постигнато 47 погодоци.