Серхио Рамос ќе го пропушти мечот против БиХ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на шпанската репрезентација, Серхио Рамос нема да игра во пријателската средба против БиХ.

Капитенот на Црвената фурија синоќа играше со повреда против Хрватска, сепак не сакаше да го напушти теренот поради важноста на натпреварот во кој постигна гол од белата точка.

Меѓутоа, тоа не помогна Шпанците да го избегнат поразот на Максимир, а јунак на Хрватска беше Тин Једвај кој за победа погоди во судиското продолжение.

Серхио Рамос веќе се врати во Мадрид каде што почна со опоравување со клупските лекари кои ќе пробат да го опорават за натпреварите во Ла Лига.