До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тренерот на фудбалерите на Ливерпул Јирген Клоп рече дека неговата екипа сеуште нема причина за славје, иако после вчерашната победа против Вотфорд (6:1), го превзедоа првото место на табелата од Премиер лигата.
Двоен стрелец на Енфликд беше Садио Мане, а голови постигнаа уште Филипе Кутињо, Роберто Фирмино, Емре Џан и Жоржињи Вајналдум.
„Кога резултатот дава впечаток дека беше лесно, значи дека му претходеше напорна работа. Резултатот е прекрасен, а играта беше одлична. Но, Челси не е лош, Манчестер Сити против Барселона не беше лош, Тука се Арсенал и Тотенхем. Мораме да играме добро. Моментално нема што да славиме, наша обврска е да играме добро кога ќе го облечеме дресот на Ливерпул. Досега се беше добро“, рече Клоп за БиБиСи.
Ливерпул е прв со 26 бодови, а го следат Челси со 25 и Манчестер Сити и Арсенал имаат по 24 бодови. Во првенството следи двонеделна пауза поради обврски на репрезентациите во квалификациите за Светско првенство 2018 година.
„Добри резултати и добрата игра помага на самодовербата. Ќе испратиме играчи ширум светот и се надевам дека ќе се вратат здрави за големиот предизвик против Саутемптон“, додаде Клоп.
Германскиот тренер за Скај Спортс рече дека во одредени моменти уживал во играта, а дека во некои моменти било тешко.
„Игравме одлично 84 минути, но последните шест минути не беа убави, не затоа што примивме гол, веќе затоа што прекинавме да се трудиме да правиме вистински работи. Мислам дека не е потребно да опишувам колку беше добар Кутињо, можевте да видите, а блиску беше и Фирмино. Мане одигра одлично, како и Џан.
Не е лесно да се избере тимот. Вајналдум е во добра форма, Даниел Стариџ е секогаш блиску до екипата, Алберто Морено е во добра форма, како и Симон Мињоле“, рече Клоп.















