Сеуште постои надеж за Хамшик да премине во Далан Јифанг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи вчера ги шокираше своите навивачи со објавата дека се одвива трансфер на Марек Хамшик во Кина.

Тој денес требаше да оди на лекарски прегледи и да потпише договор со Далан Јифанг, но моментално од тоа нема да биде ништо.

Словакот дури се прости од своите соиграчи на забава која тие му ја приредија, па на изненадување на сите Наполи објави дека трансферот се одложува.

Наполи на Твитер објави дека трансферот се одложува бидејќи кинескиот клуб не го испочитувал договорот околу исплатата. Договорено било Далан веднаш да плати 18 милиони евра плус два милиони бонуси, но потоа барале обесштетувањето да го плаќаат на рати.

На италијанскиот клуб очигледно не му се допаѓало ова и порачаа дека трансферот се одложува и дека Хамшик нема да патува утре за Кина.

Но, трансферот не е прекинат во потполност и сеуште постои шанса Словакот на заигра во дресот на кинескиот клуб.

Од Наполи потврдија дека трансферот е стопиран и дека ќе се изреализира само доколу Далан го испочитува првобитниот договор.