Се засилуваат сите па и шампионот: Јуве во преговори за Матуиди


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Летово само што започна, трансфер маркетот се отвори, а во италијанската Сериа А секојдневно пристигнуваат големи ѕвезди. Имено после големите имиња кои ги потпиша Милан, брз одговор стигна од Јувентус кои се фатија за работа и тргнаа по неколку играчи, а првото име кое би можело да пристигне на Јуве арената е 30-ет годишниот Блаз Матуиди.

Тимот на Масимо Алегри го поскува играчот на ПСЖ, но преговорите не одат баш во најдобар тек, затоа што Јуве нуди 15 милиони, а францускиот тим бара 30м за играчот од средниот ред.

Се очекува тимот од Париз да омекне во преговорите и да го пушти Матуиди во Јуве, затоа што тој има само уште една година од договорот.