Се огласи најдобриот судија на Островот по повод понудата од Кина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сеуште не сум добил официјална понуда, но сигурно дека за неа би размислувал. Но сеуште уживам работејќи за Премиер лигата и УЕФА“, за интересот на Кинезите рече англискиот судија Марк Клатенбург.

„Кините вложуваат во фудбалот, погледнете ги само тие засилувања кои ги доведуваат. Јас со договор сум врзан за Премиер лигата, но ако понуда дојде морам да погледнам долгорочно. Колку уште долго може да бидам судија? Во Премиер лигата сум 12 години“, продолжи Клатенбург кој истакна дека парите не се причина поради што би заминал во Кина.

„Парите не се причина поради што судам. Ме движи нешто друго, а тоа е што можам да помогнам на другите“.

„Би бил нешто како Хауард Веб кој е во Саудиска Арабија и помага во развојот на судењето“, заклучи англискиот судија.