До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Бразилските медиуми објавија денеска дека Фернандињо влезе во вербален конфликт со Лионел Меси после натпреварот со Барселона.
Сепак, се чини дека медиумите во Бразил се тоа го измислија, а за „конфликтот“ се огласи и играчот за врска на Манчестер Сити.
Тој негираше дека дојде до некаков конфликт со Меси, но и било кој друг член на Барса.
„Не знам од каде тргнаа тие шпекулации дека сум го провоцирал Меси. Морам да речам дека се тоа се големи невистини, бидејќи воопшто немав никаков контакт со луѓето од Барселона. Провоцирањето не е во моја природа“, рече Фернандињо.
Сити славеше со 3:1 против каталонскиот тим.















