Се сеќавате ли на пораките на Зидан кога заминуваше од Реал?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зинедин Зидан после 284 дена се враќа на клупата на Реал Мадрид. На 31. мај 2018. година си поднесе оставка и ги напушти Кралевите.

Некои од неговите пораки од тој ден се појавија денес низ медиумите во Шпанија. „Нема да тренирам друг тим“ и „се гледаме подоцна, бидејќи Мадрид ми даде се“.

Сепак, овие негови пораки не беа лага и тој релативно брзо се врати во Мадрид.

Штом клубот западна во проблеми, Французнот се стави на располагање.

„Многу го сакам овој клуб, претседателот кој ми даде прилика да дојдам и да играм за Реал Мадрид и до крајот на животот ќе му бидам благодарен“, исто така говореше Зидан кога си замина од Реал.

Реално, никој не очекуваше толку брзо да се врати.

Сега кога клубот остана без шанси да биде првак на Шпанија, без Купот, ЛШ и комплетен раскол, Зидан рече „да“ на својот долгогодишен пријател Перез, а наводно Кралевите на лето ќе потрошат околу 300 милиони евра на неколку големи засилувања.

Именувањето треба да се случи во наредните часови.