До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Германскиот стручнак на клупата на Ливерпул Јирген Клоп се одлучи одма да одговори на Алекс Фергусон.
Некогашниот тренер на Манчестер Јунајтед порача дека Клоп го оживеа Ливерпул и дека моментално се плаши за тие да не станат подобри од Манчестер Јунајтед.
Клоп одма врати на Фергусон и рече дека го сака.
„Дали ми е дозволено да кажам дека го сакам Фергусон? Го запонав пред да станам тренер во Ливерпул. Убаво од него така да зборува позитивно“, рече Клоп и додаде:
„Направи што направи во Манчестер Јунајтед, што автоматски не е добро за Ливерпул. Но, подобро е да каже нешто позитивно, отколку негативно за нас“.
Да потсетиме на Ливерпул оди многу добро во оваа сезона бидејќи после девет кола имаат 20 бодови и моментално го делат првото место на табелата заедно со Арсенал и Манчестер Сити.















