Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Можеше да ја ги избира Бока и Ривер, но…
Кога заѕвони телефонот, а од другата страна се слушна гласот на Хорхе Сампаоли сите дилеми во главата на Валтер Монтоја ги немаше повеќе. Севиља е судбината на 23-годишниот фудбалер.
Трансферот и официјално е потврден, финансиски детали нема, но аргентинските медиуми ја споменуваат сумата помеѓу 4 и 5.5 милиони евра.
Монтоја досега играше за Росарио Централ. Централниот фудбалер за врска може да ја покрие и десната страна на теренот.
Во Севиља не би требало да има проблеми со адаптацијата. И поради тренерот Хорхе Сампаоли и затоа што јазикот го знае, но и затоа што новиот тренер очигледно одлучил да ја размрда Андалузија со жежок аргентински темперамент. Од гаучосите тука се Хоакин Кореа, Лусијано Вието, Матијас Краневитер, Нико Пареха…
И поради големиот број на странци би можело доаѓањето на Монтоја да се одложи до лето.
Да потсетиме дека Севиља овој јануари ги доведе Стеван Јоветиќ, Клемон Ленгле и го продаде Тимоти Колоџеџак.