Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот прволигаш Силекс се одлучи да оди на подготовки во Анталија.
Кратовци таму ќе бидат од 27-ми јануари до 9-ти февруари.
Силекс ќе одигра пет пријателски натпревари во Анталија. На 30-ти јануари ќе одигра натпревар против германски Хамбург 08, а на 1-ви февруари против Динамо Тбилиси од Грузија. Два дена подоцна ќе игра против Милс;ами од Молдавија, на 5-ти февруари против Балмазујварош од Унгарија и пријателските натпревари во Анталија се завршуваат со Тобол од Казахстан.
Во Силекс пристигна и ново име, Филип Глигоров кој игра на позицијата десен бек и стигна од Шкупи.