Симеоне воодушевен од Борусија: Преубаво е да се гледаат додека играат


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Атлетико Мадрид синоќа на натпревар од третото коло од групната фаза во Лигата на шампиони беше декласиран во Дортмунд.

Јорганџиите на гостувањето во Германија целосно потфрлија и на крај изгубија со убедливи 4:0.
Тоа воедно е и првиот пораз на Симеоне со разлика од четири погодоци откако тој седна на клупата на Атлетико, но навидум тој не изгледа многу загрижен доколку судите по изјавата која ја даде после натпреварот.

,,Резултатот е прегруб и навистина нема смисла. Не објаснува што се случуваше на теренот и гледам овде добри работи. Ми се допаѓа овој момент, добар е”- рече харизматичниот аргентинец па упати комплименти кон Борусија.

,,Ми се допаѓаше нивниот стил. Практични се, динамични, сфатија дека треба да ја носат топката на напред, а не само бескорисно да ја задржуваат. Се надевам дека ќе продолжат вака да играат бидејќи е навистана убаво за гледање”.

Eкипата од Мадрид во групата А моментално е на второто место со три бода помалку од првопласираната Борусија.