Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Симон Кјаер од поодамна бараше клуб од топ-5 лигите во Европа и изгледа дека конечно го најде. Негова следна дестинација ќе биде тимот на Севиља.
Од клубот потврдија дека медицинските прегледи за данскиот стопер се закажани за утре и веќе од наредниот ден тој ќе биде официјализиран како ново засилување на тимот од Андалузија. Висината на трансферот сѐ уште не е позната, иако се очекува да биде некаде помеѓу 10 и 15 милиони евра.
Севиља полека ја комплетира екипата за наредната сезона каде што им претстои борба на три фронта: домашната лига, домашниот куп и Лигата на Шампионите
Симон Кјаер има 28 години и минатите две сезони ги помина во Фенербахче.