Сити против Јунајтед – 20:0!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Додека Ѓаволите и понатака сонуваат за генерацијата 92 во комшилукот слават. Дали со доаѓањето на Гвардиола ќе се промени филозофијата на клубот.

    Манчестер Сити вложуваат во младите категории, со текот на годините условите ги доведоа речиси до совршенство, а огромните пари ги привлекоа и најдобрите тренери за децата, некои после неверојатните понуди се преселија баш од Јунајтед во Сити.

    Резултатите се гледаат, да речеме дека во минатиот викенд и почетокот на неделата, три селекции на градските ривали ги одмерија силите.

    Беше тоа поразувачки за Црвените, прво нивната селекција до 13 години ги добија врсниците на 5:0, а ден подоцна, година дена постарите деца славеа против Јунајтед со 6:0.

    И тогаш во вторнико, играа селекциите до 15 години, беше 9:0 за екипата на Граѓаните, кои до полувреме постигнаа дури шест голови.

    Секако дека тоа е голем удар за академијата на Јунајтед, но од друга страна, до оваа сезона, во Сити не обраќаа многу внимание на своите талентирани играчи. Во Јунајтед успееја да промовираат неколку, Рашфорд најсветол пример, шанса им пружи Ван Гал и тоа поради повреда на клучни играчи.

    Гвардиола сега ги сврте работите, за првиот тим веќе дебитираа Мафео и Алеикс Гарсија, а Каталонецот инсистира за младите фудбалери да добијат шанса за рамноправно да конкурираат за тимот и дека нема проблем да ги острани старите играчи, без разлика колку бил платен.

    Инаку, кога ја споменуваме генерација 92 која ја прослави Јунајтед, еден од нив, Ники Бат сега е водечки човек во академијата.

    Ќе му биде потребно време да го прекине овој пад, но охрабување е што тимот до 18 години кој да речеме ја доби академијата на Њукасл со 4:0. Но и тие на табелата гледаат во грбот на водечкиот Манчестер Сити.