Сити синоќа постави неславен рекорд


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Манчестер Сити минатата сезона собори многу рекорди како што се најмногу освоени бодови во лигата, најголема разлика на поени во однос на вториот на табелата, најголем број постигнати голови во една сезона. И синоќа тимот на Пеп Гвардиола продолжи со соборување на рекорди, но на оние неславните.

Со поразот од Лион на свој терен, екипата Манчестер Сити стана првата англиска екипа која има четири последователни порази во најелитното европско натпреварување.

Таа неславна серија датира уште од 7ми март од реванш средбата во осмина финалето од Лигата на шампиони против швајцарски Базел во кој Граѓаните беа поразени со 2:1, но на првата средба славеа со 4:0 па овој пораз не ги поремети нивните планови.

Следеше мечот со Ливерпул во четврт финалето во кој избраниците на Пеп Гвардиола запишаа два порази, а синоќашниот пораз дојде како шлаг на тортата на таа неславна серија.

Интересно е тоа што три од четири порази се случија баш на Етихад.

Популарните Граѓани приликата за ,,поправен” ќе имаат веќе следното коло кога ќе гостуваат на екипата na Хофенхаим.