До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тренерот на Интер Франк де Бур смета дека односот меѓу Мауро Икарди и навивачите е лош за клубот.
Аргентинскиот напаѓач стигна во центарот на вниманието поради кавгата со навивачите не Интер, а таквите работи не донесуваат ништо добор за гигантот од Џузепе Меаца за италијанските медиуми потврди и тренерот Де Бур.
„Таквите работи не се добри за тимот, навивачите и клубот. Такво нешто мораме да избегнуваме во иднина бидејќи нашиот фокус не е на теренот. Икарди мора да преземе одговорност, капитен е и мора да биде пример“, рече Де Бур.
На навивачите им пречеше автобиографијата на Икарди во која наведе дека во минатата година „одбил“ напад од ултрашите на Интер, заканувајќи им се со своите криминалци од Аргентина.
После тоа Икарди нема мира од приврзаниците на Интер кои, меѓу останатото, побараа од контроверзниот фудбалер да им ја одземат капитенската лента.















