Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Досегашниот капитен на Израелската репрезентација, Еран Захави, се опрости од репрезентацијата во инциденотот кој се случи, после поразот од нашата репрезентација, во квалификациите за Светското Првенство во Русија.
Поразот од Македонската репрезентација и дефинитивно ги одалечи Израелците од пласман во Русија.
Навивачите со свирежи ги испратија играчите, а најмногу на удар се најде капитенот Захави, кој по свирежите на навивачите ја фрли капитенската трака како стуткан лист хартија, а раководството на репрезентацијата го суспендираше.
Еден ден подоцна, фудбалерот изјави како се опростува од репрезентативнеиот дрес со следнава изјава:
„Не можам веќе да издржам, живееме во земја која што не ги цени своите спортисти. Неверојатно е тоа што навивачите им свиркаат на своите фудбалери, како да ние не сакавме победа.“ – изјави Захави и додаде:
„Мојот потег, беше погрешен, но ги изгубив живците“.