Скај Спорт тврди: Наполи од јануари добива ново засилување!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Скај Спорт Италија јавува дека трансферот на напаѓачот од 18 милиони евра на Сан Паоло е готов.

Скај Спорт Италија јавува дека синоќа е се готово и дека Наполи се договори со Џенова околу деталите за трансфер на Леондро Паволети вреден дури 18 милиони евра.

Искусниот 28-годишен репрезентативец на Аѕурите веќе некое време е една од главните желби на тимот од југот на Италија, посебно откако Наполи остана без Полјакот Аркадиуш Милик кој тешко се повреди во минатото лето.

Според информациите на трансфер гуру Џанлука Ди Марзио, договор е постигнат и сите страни се усогласија.

Џенова ќе добие 18 милиони евра, а самиот Паволети веќе ги договори личните услови со цел да се пресели на Сан Паоло.

Единствен потенцијален проблем е лекарскиот преглед, затоа што напаѓачот на Грифоните во текот на есента имаше неколку проблеми со повредите.

Паволети е надвор од терените од крајот на ноември, но се надева дека ќе се врати по завршувањето на Божиќните празници.

Доаѓањето на одличниот напаѓач од Џенова ќе условува и крај на кариерата за Маноло Габијадини на Сан Паоло, што ќе ги израдува Валенсија, Стоук и Вест Хем, кои се интересираат за крилниот напаѓач на Наполи.