Скопската публика ги виде ѕвездите на Милан, Шкендија поразена уште еднаш


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

Фудбалерите на Милан, дојдоа, прошетаа низ Скопје и го победија тимот на Шкендија, минимално со 1-0, но вкупниот резултат е 7-0 и е разочарувачки за тимот од Тетово, кој се надеваше на тесен натпревар.

Стрелец на единствениот гол, беше феноменалниот Патрик Кутроне кој во 13-та минута од натпреварот му донесе водство на тимот на Милан, а овој резултат остана се до крајот на натпреварот.

„Росоњерите“ немаа милост за Шкендија во првиот натпревар, победувајќи ги на „Сан Сиро“ со високи 6-0.

Скопската публика не виде многу фудбал, но барем ги виде скапите засилувања на Милан, Лео Бонучи и Андре Силва.

Кај домашниот тим, најдобар играч беше репрезентативецот на Македонија Марјан Радевски кој неколку пати се закани по голот на Милан, но не успеа да реализира.